Добрите игри го привлекоа вниманието на гигантите, Арсенал испратил голема понуда за Барди

by
1 минути читање

По преселбата во
Леванте, Енис Барди се промовираше како еден од најдобрите изведувачи на
слободни удари во Шпанија, но и во Европа. Македонецот прикажува одлични партии
изминативе три сезони и за кратко време стана еден од најдобрите стрелци во
историјата на клубот од Валенсија

Добрите издание
не поминаа незабележани, Енис Барди го привлече вниманието на гигантите, а
медиумите од Шпанија пренесуваат дека Арсенал тропнал на вратата. Детали не се
откриваат, но според Онда Серо, се работи за голема понуда.

Извештајот исто
така додава дека интерес пројавува и Фиорентина, како и клуб од Бундеслигата.

Енис Барди се
пресели во Леванте за 1,5 милиони евра, но неговата вредност сега е најмалку
десет пати повисока.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×