Елмас: Магична ноќ, првиот трофеј во кариерата и тоа со специјален тим (ФОТО)

by
1 минути читање

На „Олимпико“ во
Рим, Наполи и Јувентус вчера ги одмерија силите во финалето од Купот на
Италија, а тимот на нашиот Елиф Елмас славеше на пенали и го подигна пехарот.

Македонецот, кој
доби шанса во финишот на мечот и имаше огромна прилика да го матира Буфон во
последните секунди, се огласи на социјалните мрежи за да ја сподели својата
радост од големиот успех.

„Прв трофеј во
кариерата и тоа со специјален тим, ова беше магична ноќ, со надеж дека е само
првиот од долга серија трофеи!
“ – гласеше пораката на Елиф Елмас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×