Новата сезона во Италија ќе почне на 12 септември?

by
1 минути читање

Новата сезона во
Серија А би можела да започне на 12. септември, тоа значи дека на клубовите ќе
им претстои кус период од крајот на актуелната, до почетокот на новата сезона,
меѓутоа оваа вест се уште не е официјално потврдена од тамошните фудбалски
власти.

„Скај Спорт
Италија“ известувајќи за претходно наведениот датум, наведува дека истиот бил
предложен од самите клубови, а од куќата на фудбалот во Италија очекуваат
актуелната сезона да биде комплетирана до крајот на август, а вреди да се
додаде дека Јувентус, Рома, Аталанта и Интер во август продолжуваат со
настапите во европските натпреварувања, па јасно е дека ќе следи доста активен
период особено за овие клубови.

Серија А повторно
се враќа на програмата откако најпрво беа комплетирани полуфиналните рунди во
Купот, за веќе во сабота со дуелите помеѓу Торино и Парма, односно Верона и
Каљари да продолжат возбудувањата во елитниот шампионат на Италија.

На 12 кола до
крајот на актуелната сезона, Јувентус (63) е лидер на табелата во Серија А со
бод предност во однос на Лацио (62), Интер (54) заостанува девет бода зад „Старата
дама“, но со меч помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×