Де Лаурентис не му простува на Сари: Не знаете колку бев бесен, ме предаде со највулгарниот изговор – парите!

by
1 минути читање

По три години на
кормилото на Наполи, Маурицио Сари во 2018 реши да замине од Сан Паоло за нов
предизвик во Премиерлигата. Сепак, авантурата во Челси траеше само 12 месеци, минатото
лето стратегот се врати во Италија и седна на столчето на Јувентус.

На „наполитанците“
не им се допадна ваквиот развој на настаните, а во пресрет на финалето во Купот
на Италија, првиот човек на клубот го нападна Маурицио Сари за
начинот на кој се разделиле.

„Не знаете колку
бев бесен, ме предаде со највулгарниот изговор – парите! Ме натера на промени,
а имаше уште две години од договорот“
– вели Аурелио Де Лаурентис.

„Во февруари ме
покани на ручек во Тоскана, во близина на неговиот дом. Разговаравме за многу
работи, но не спомна ништо за заминување, за разделба. Ме остави во неизвесност и
исчекување до последен миг, ми соопшти дека заминува на ден пред последниот
натпревар од сезоната“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×