„Кралевите“ моќно
го отворија мечот со Еибар, на полувреме имаа предност од 3-0 но во продолжението прикажаа бледа партија. Гостите имаа свои шанси, но успеаја само да постигнат
почесен гол.
Според пишувањата
на Марка, Зинедин Зидан бил прилично лут и веднаш по последниот свиреж ги
искарал фудбалерите на Реал Мадрид. Тој имал многу примедби за играта во
вторите 45 минути и јасно до знаење им ставил на сите дека не можат вака да се
опуштат и да ја загубат концентрацијата.
Весникот додава
дека била прилично невообичано Зизу да се однесува како што се однесувал во
соблекувалната на „Естадионо Алфредо Ди Стефано“, дури и фудбалерите биле
изненадени од реакцијата на Французинот и неговата лутина.