На Ребиќ и Силва им се погоди размената, сакаат да останат таму каде што се

by
0 минути читање

Ребиќ немаше добар почеток на кариерата во Милан, но потоа влезе во голгетерска серија и покажа дека може да биде сериозно засилување за Росонерите.

Андре Силва постигна 10 голови на 22 натпревари во Бундеслигата и според германските медиуми тој е среќен во Ајнтрахт.

Ребиќ одигра само 15 натпревари во Серија А, но особено по доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ му тргна и „Тутоспорт“ пишува дека тој сака да продолжи во Милан.

Договорот меѓу Милан и Ајнтрахт размена на фудбалерите завршува во јуни 2021 година, се прогнозира дека двата клуба ќе влезат во преговори за да ја направат позајмицата перманентна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×