Тркалото се сврте, Кутињо лично го молел Клоп да се врати во Ливерпул!

by
1 минути читање

Пред две години Филипе Кутињо му го сврте грбот на Ливерпул откако на неговата врата тропна Барселона. Беше ѕвезда на Енфилд, а потоа стана само еден обичен фудбалер на Камп Ноу.

Откако не ги исполни очекувањата, Барселона го пушти на позајмица во Баерн Минхен, но ниту германскиот клуб не сакаше да го откупи па Кутињо сега си бара нов клуб.

Во меѓувреме додека тој се мачеше во Барселона и Баерн Минхен, Ливерпул ја освои Лигата на шампионите а оваа година ќе стане и првак на Англија.

Англиските медиуми пишуваат дека сега Кутињо очајно посакува да се врати во Ливерпул, тој лично го молел Јирген Клоп да му даде нова шанса, ветил и дека ќе игра за помала плата од таа што сега ја добива во Барселона, 250.000 фунти неделно.

Не се знае дали Клоп ќе побара од раководството на клубот да го вратат Кутињо, но Ливерпул се откажа од Тимо Вернер поради недостаток на пари за трансфери како резултат од пандемијата на коронавирус. 

Мала е веројатноста дека Ливерпул ќе може да ја плати сумата која ја бара Барселона за Кутињо, а можеби Клоп и раководството и воопшто да не сакаат да го вратат Бразилецот кој им го сврте грбот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×