На стартот од
второто полувреме на дуелот помеѓу Мајорка и Барселона се случија неверојатни
сцени. Иако натпреварот се играше без публика, на теренот се појави навивач со аргентински дрес од Лео Меси.
Се работи за
тинејџер од Франција кој живее во Мајорка. Тој за медиумите објасни како успеал
да влезе на теренот, плановите ги кроел со месеци, сон му бил да се сретне
и слика со својот идол Лео Меси.
„Имав идеја да влеза на теренот уште пред пандемијата на коронавирус, Меси е мојот идол“ – вели момчето. „Со месеци кроев планови како да направам фотка со Лео.
Мојот сон беше да се сретнам и сликам со Меси“.
„Пристигнав пред
стадионот кога беше 40. минута, прескокнав ограда висока два метри и се
искрадов на трибините. Потоа по скалите се симнав на теренот. Прво го здогледав
Жорди Алба, и направив селфи со него. Тргнав кон Меси, некако успеав да
направам фотка, која не беше баш добра. Најжално е тоа што полицијата ме натера сè да избришам“.
Запрашан дали скапо ќе
плати за ваквата екскуризија, тој додава: „Потпишав документи, ги оставив моите
информации. Ќе видиме дали ќе ме казнат или нема“.