На Барса и требаа само 65 секунди да ја начне мрежата на Мајорка, лесна победа на ре-стартот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона со
победа на ре-стартот од Ла Лига, избраниците на Сетиен лесно славеа на
гостувањето кај Мајорка.

На „каталонците“
им беа потребни само 65 секунди да ја начнат мрежата на домаќините, Алба
асистираше а Видал донесе 0-1. Февруарското засилување Брејтвајт го постигна
првиот гол во дресот на Барса и зголеми на 0-2 во 37. минута.

На стартот од
вториот дел, Мајорка имаше неколку добри шанси да го направи интересен мечот,
но откако не реализираа, Алба зголеми на 0-3 а Лео Меси во финишот ги постави
конечните 0-4.

Со оваа победа,
Барселона сега има +5 на врвот на табелата во однос на Реал Мадрид, „кралевите“
утре го играат својот меч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×