Избраниците на
Ханси Флик продолжуваат да „газат“, вечерва без првиот стрелец Левандовски и
без првиот асистент Милер, славеа против Борусија Менхенгладбах со 2-1. Ова беше
10-та победа во низа во Бундеслигата, и прво вакво постигнување по сезоната 2017/2018.
Младиот Зиркзе го
отвори резултатот во 26. минута, но на пауза се замина со 1-1 откако Павар си
ја затресе сопствената мрежа.
Трите бода остана
на Алианц откако Горецка погоди во завршните минути од мечот за 2-1.
Со овој триумф, Баерн
практично ја обезбеди титулата, која може да биде потврдена во вторник со
победа на гостувањето кај Вердер Бремен. „Бавараците“ можат да станат шампиони
и со реми или пораз, доколку Борусија Дортмунд не го добие својот натпревар со
Манц во среда.