Трагичната приказна со која Мончи ги мотивирал играчите: Моја пријателка почина, последна желба и беше да победиме против Бетис!

by
1 минути читање

Во четвртокот
продолжија возбудувањата во Ла Лига со градското дерби помеѓу Севиља и Бетис,
мечот заврши со триумф од 2-0 на домаќините.

Денеска беше
објавено видео на кое Мончи држи говор пред почетокот на пресметката. Спортскиот
директор на Севиља им откри на фудбалерите дека негова пријателка починала во
неделата, а една од последните желби и била победа над лутиот локален ривал.

„Ако се погледнете,
ќе најдете сто или илјади причини и мотиви за победа. Јас имам една причина. Моја пријателка,
која беше болна, почина во неделата. 48 часа пред да умре, таа му рекла на
својот син, „Кажи му на твојот кум – тоа сум јас 
 дека во четврток Севиља мора да победи“. Последна желба и беше победа во дербито. Па сакам да триумфираме и
победата да и ја посветам на неа. Тоа е мојата причина. Затоа секој од вас нека
најде некоја причина, бидејќи нема шанси да не победиме“
– им порача Мончи на
фудбалерите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×