„Баварците“ ќе
мора да почекаат уште некој ден за да го подигнат шампионскиот трофеј, во најдобар
случај, тоа треба да биде во вторник следната недела.
Попладнево
Борусија Дортмунд со 0-1 триумфираше на гостувањето кај Фортуна Дизелдорф и го
одложи славјето на Баерн Минхен.
Херој на гостите
беше Ерлинг Халанд, кој влезе од клупата во второто полувреме и постигна гол во
последните секунди од мечот, односно 95. минута.
Вердер Бремен освои
три големи бода во биткат за опстанок откако со 1-5 триумфираше против
последнопласираниот Падерборн.
Ајнтрахт
Франкфурт со пресврт во вториот дел стигна до победа од 1-4 против Херта, а
гостите ги однесоа трите бода и на мечот помеѓу Келн и Унион Берлин, мечот
заврши 1-2. На последната пресметка од 15:30 часот, Волфзбург и Фрајбург
одиграа 2-2.