158
Рано во натпреварот, уште во 19. минута Алавез остана со фудбалер помалку откако голманот Пачеко играше со рака надвор од својот шеснаесетник со што спречи Еспањол да постигне гол, тој доби црвен картон.
Во судиското продолжение од првото полувреме Еспиноза погоди со глава за водство на домаќините од 1-0.
Во втората минута од второто полувреме Ву Ли реализираше една контра за конечна победа од 2-0 на Еспањол.
На десет кола пред крајот Еспањол се уште е последен со 23 бодови, но не се многу далеку екипите кои на местата кои остануваат во Примера. Ќе гледаме интересна борба за опстанок.