Мино Рајола работи на размена на фудбалери меѓу Арсенал и Рома, ситуацијата будно ја следи и Ајакс

by
1 минути читање

Според италијанскиот весник, Арсенал и Рома почнале преговори за размена на играчите, а медијатор во нив е Мино Рајола кој е агент и на двајцата фудбалери.

Мхитаријан игра на позајмица од Арсенал во Рома, римската волчица за да го откупи фудбалерот ќе треба да плати 12-14 милиони евра, додека цената на Клајверт се проценува на 35-40 милиони евра.

Доколку двата клуба постигнат договор за размена на фудбалерите, Арсенал ќе треба да доплати околу 25 милиони евра.

Процент од зделката треба да добие и Ајакс. Тие имаа договор со Рома дека на нивната сметка треба да легнат десет проценти од следниот трансфер на Клајверт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×