235
Реал Мадрид во недела на малиот стадион „Ди Стефано“ ќе го пречека Еибар во првиот меч по паузата поради коронавирусот.
Последна информација од Шпанија е дека Лукас Васкез го пропуштил утринскиот тренинг поради проблем со мускул на десната нога.

Васкез нема да биде во комбинација за утрешниот меч, но тој не е единствениот на кој Зидан не може да смета, надвор од стројот поради повреди се и Начо и Јовиќ.