232
Се шпекулираше дека Челси е број еден фаворит во трката по Каи Хаверц, но последните информации велат дека не е така.
Младиот играч на Баер Леверкузен, игра во голема форма, па е мета на повеќе клубови во Европа.
Леверкузен го цени напаѓачот на 100 милиони евра, а тоа не е ни приближно сумата која Челси планира да ја понуди.
Сините се надеваат дека поради коронавирусот цената на Хаверц како и на сите други фудбалери ќе оди надоле и не сакаат да избрзуваат. Ќе чекаат попуст кој засега Баер не планира да им го даде.
За Хаверц интерес има и од Баерн Минхен, но и од други гиганти од другите земји.