1,2K
Леванте се спаси од пораз во последните моменти од мечот на Местаља и тоа од пенал. Енис Барди беше стартер на мечот, а во игра излезе во 74. минута кога беше заменет.
Во таа минута Леванте остана со фудбалер помалку поради вториот жолт картон на Роџер.
Кога се чинеше дека ќе нема голови на мечот, по една убава акција во 89. минута, Гаја асистираше до Родриго кој донесе водство на Валенсија од 1-0.
Домаќините можеби веќе мислеа дека ги освоија трите бода, но неколку минути подоцна направија прекршок за пенал во својот шеснаесетник. Течеше 98. минута кога Мелеро ја реализираше најстрогата казна за конечни 1-1.