Голот на Роналдо од пенал во 91. минута во февруари се покажа клучен, Јувентус во финале на купот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Калчото продолжи
по три месеци пауза, но фудбалските љубители видоа малку. Освен лудите 20
секунди во кои Роналдо не погоди од белата точка а Ребиќ го „искна“ Данило со кунг-фу
старт, актерите на теренот прикажаа премалку, особено домаќините кои имаа играч
повеќе практично цел натпревар.

Немаше ниту една
100% шанса, Донарума во неколку наврати беше ставен на тест со удари од далечина,
но голманот на „росонерите“ беше на висината на задачата.

Мечот во Торино
на крајот заврши со разочарувачки 0-0, па голот на Кристијано Роналдо од пенал
во 91. минута на првиот меч во февруари се покажа како клучен и Јувентус оди во
финале од Купот на Италија благодарејќи на тој резултат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×