Евертон со пример како не треба да се работи, го купија за 22 милиони фунти а го продаваат за помалку од 2 милиони!

by
1 минути читање

По неколку
одлични сезони во Саутемптон, Морган Шнајдерлин во 2015 натправари трансфер од
соништата во Манчестер јунајтед за 25
-27 милиони фунти. Сепак Французинот не се снајде на Олд Трафорд па беше
продаден во 2017.

„Ѓаовлите“
направија добра зделка со минимална загуба, играчот се пресели во Евертон за 22-24 милиони фунти. Но фудбалерот од средниот ред не се снајде
ниту на Гудисон Парк, па сега е на излезна врата.

Од Франција
пристигнува информација дека Ница постигнала договор за ангажман на Морган
Шнајдерлин. Клубот од Азурниот брег ќе плати само 2 милиони евра (околу 1,8 милиони
фунти) плус бонуси.

Па „каралемите“ ќе бидат
пример за тоа како не треба да се работи, го купија Французинот за 22 милиони
фунти, а го продаваат за помалку од 2 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×