Фудбалерите на Јувентус и Милан одат во изолација по последниот свиреж, веднаш ќе бидат направени и тестови

by
1 минути читање

По три месеци
пауза, фудбалската топка одново ќе се тркала во Калчото, Јувентус и Милан ќе го
одиграат реваншот во полуфиналето од Купот на Италија. Ќе има строги правила и
протоколи, а според пишувањата на Ла Република, фудбалерите ќе одат во
изолација по последниот свиреж и веднаш ќе бидат направени тестови.

Фудбалската
федерација на Италија се решила за еден ваков чекор бидејќи не сака да ризикува
ништо пред ре-стартот на Серија А кој е закажан за следната недела.

Според
протоколите, тимовите ќе треба да одат во карантин од 14 дена доколку има еден
позитивен случај, и ова практично ќе значи крај на сезоната.

Според најавите,
на играчите ќе им бидат направни уште два дополнителни теста, еден пред
следниот натпревар, и еден по крајот на натпреварот. Истата процедура ќе важи и за утрешниот дуел помеѓу Наполи и Интер.

Федерацијата исто така
сака трета страна да ги тестира играчите, за клубовите да не го прават тоа
приватно, со што ќе се води евиденција за сите фудбалери во една база на
податоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×