Балотели и пишал на Бреша, си ја бара платата за март, од клубот му порачаа: Собра искуство да станеш дипломиран правник!

by
1 минути читање

Љубовта помеѓу
Марио Балотели и Бреша заврши уште минатиот месец, и само прашање на време е
кога двете страни ќе ја официјализираат разделбата и под какви услови.

Медиумите од
Италија пренесуваат дека напаѓачот испратил трето формално писмо да биде
вратен на тренинг со останатите соиграчи. Тој исто така се повикал на колективниот
договор и побарал платата за месец март да му биде исплатена во рок од 20 дена.

Второто барање
особено го навлече бесот на Бреша со оглед на тоа дека се водат преговори за
намалување на платите, или целосно откажување од примањата поради пандемијата
на коронавирус.

„Мислам дека
Марио Балотели е единствениот фудбалер борец од топ првенствата во Европа кој
имаше дрскост да го го пријави својот клуб дека не ги исполнува обврските, да
се повика на колективниот договор за да добие целосна исплата на платата за
март сред коронавирус криза и кога сите спортски активности се комплетно
суспендирани“
– вели адвокатот на Бреша, Матија Грасани.

„Исто така, Бреша
доби безброј предупредувања, испратени од играчот и тоа секогаш навечер, со кои
се жали за тоа што наводно не можел да тренира и/или бил дискриминиран“.

„Во последните
десетина дена, испрати три и тоа помеѓу 20 и 23:30 часот, надвор од работното
време и кога канцелариите на клубот се затворени“.

„Со искуството
кое изминатиов период го стекна на полето од правила и примена на колективниот
договор, може да стане почесен дипломиран правник“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×