Обамејанг речиси сигурно ќе го напушти Арсенал во летниот преоден рок, а постојат шанси да му се приклучи и Хектор Бељерин.
25-годишниот Шпанец во академијата на Арсенал пристигна во 2011 година од Барселона, долгогодишниот престој во Северен Лондон го прави еден од влијателните ликови во соблекувалната на Емирати.
„Мирор“ пишува дека Бељерин е мета на Интер, Конте сака да го види на бековската позиција во неговиот тим, а Арсенал се труди да го задржи што подолго и му нуди нов договор.
Актуелниот договор на Бељерин истекува во 2023 година, играчот не брза да потпише продолжување на соработката, чека да види како ќе му оди на Арсенал под водство на Артета па потоа ќе донесе одлука.
Бељерин сака конкурентен тим кој ќе се бори за титули, Арсенал веќе подолго време не е таков, топчиите дури не играат и во Лигата на шампионите.
Цената на Бељерин се проценува на околу 27 милиони фунти.