Ван Дајк ќе потпише нов договор и ќе стане најплатен играч во историјата на Ливерпул, ПСЖ му нуди уште повеќе но тој останува на Енфилд

by
1 минути читање

Вирџил ван Дајк ќе потпише договор според кој ќе добива 220.000 фунти неделна плата, ниту еден друг фудбалер на Ливерпул досега не бил толку платен.

Договорот ќе стави крај на шпекулациите кои го поврзуваат дефанзивецот со ПСЖ.

Францускиот гигант на Ван Дајк му нуди неделна плата од 280.000 фунти неделно, но Холанѓанецот ќе остане во Ливерпул.

Сегашната плата на Ван Дајк изнесува 180.000 фунти неделно, со новиот договор ќе добие покачување од 40.000.

Ливерпул го купи Ван Дајк од Саутемптон во јануари 2018 за 75 милиони фунти што тогаш беше рекорден трансфер за дефанзивец. Вирџил се покажа како клучна алка за успесите на тимот.

Со стабилноста која ја донесе во дефанзивната линија на Ливерпул, Ван Дајк се покажа како можеби најважен фактор за освојување на Лигата на шампионите минатата сезона и за Премиерлигата која наскоро треба да биде заверена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×