Денеска продолжи
сезоната во Ла Лига со градското дерби помеѓу Севиља и Бетис, но изминативе
денови во фокусот беа неколку фудбалери кои ги прекршија правилата. Нелсон
Семедо од Барселона беше на роденден кај другар, Лука Јовиќ од Реал Мадрид
правеше скара со своите сонародници Иван Шапониќ (Атлетико Мадрид) и Немања
Максимовиќ (Хетафе) а претходно петмина фудбалери на Севиља организираа
целодневна дружба.
Првиот човек на
Ла Лига, Хавиер Тебас не сака да види нови испади, па предупреди дека ќе биде
приморан да ги затвори сите во карантин.
„Се надевам дека
нема да треба да повлечеме екстремни чекори. Но доколку играчите не престанат
да одат по скари или забави, ќе немаме друг избор“ – вели Тебас.
„Планиравме сите
да одат во карантин една недела пред ре-стартот на сезоната, но на крајот
решивме да им дозволиме одредена слобода на играчите. Но доколку тие не се
придржуваат до правилата, тогаш ќе бидеме принудени да ги затвориме во
карантин“.
„Тоа би било жално
бидејќи најголемиот дел од фубалерите ги почитуваат правилата“.