958
Деле Али ќе го пропушти првиот следен натпревар на Тотнем, а тоа е дуелот со Манчестер јуанајтед од Премиерлигата.
ФА соопшти дека Деле Али е суспендиран со еден натпревар, ќе плати глоба од 50.000 фунти и ќе треба да оди на курс за ре-едукација.
Фудбалерот на Тотнем во февруари, постираше видео на „Снепчет“ во кое исмеваше Азиец и на негова сметка се шегуваше за коронавирусот.
Подоцна Деле Али го избриша видеото и се извини, но не остана неказнет.
Жозе Мурињо нема да може да смета на неговите услуги за големиот дерби натпревар против Манчестер јунајтед.