162
Ништо од двојна круна за Црвена звезда, Партизан ја доби полуфиналната пресметка од Купот на Србија.
Големиот натпревар во Хумска се играше пред над 20.000 публика, како во Србија воопшто да нема коронавирус. Атмосферата беше извонредна, грмеа и двете навивачки групи.
И двете екипи имаа свои шанси, а клучниот момент се случи во 58. минута кога по еден одличен продор на Садик и асистенција до Начо тој ја смести топката во мрежата на Црвена звезда за водство на Партизан од 1-0 кое значеше и победа.
Партизан во финалето од Купот на Србија ќе игра против Војводина која исто така со 1-0 го елиминираше Чукарички.