Амбициозниот Њукасл почнал да преговара за трансфер на Кутињо

by
1 минути читање

Позајмицата на
Кутињо во Баерн Минхен истекува ова лето, од германскиот првак немаат намера да
ја активираат опцијата да му го откупат договорот со Барселона, па така се
споменуваат неколку опции кои се во игра во однос на иднината на 27 годишниот
фудбалер.

Познато е дека во
Њукасл подготвуваат вистински бум на трансфер пазарот откако ќе се комплетираат
сите формалности околу документацијата и добивањето ново богато сопствеништво,
а Кутињо е една од повеќето желби на тимот од „Сент џејмс парк“.

Од Њукасл веќе
започнале со преговори за можен трансфер на Кутињо уште ова лето, претходно се
споменуваше Челси како најсериозен претендент за потписот на Бразилецот, а во
игра е воедно и Евертон, интерес има и од Манчестер јунајтед, но и Арсенал.

Меѓутоа, „Франс
фудбал“ наведува дека штом се заврши целокупната постапка околу новото
сопствеништво во Њукасл, се чини дека идниот клуб на Кутињо би бил токму тој
Премиерлигаш.

Кутињо е обврзан на верност со Барселона до 2023. година, па од тука јасна е добрата позиција за преговори кај Каталонците кои поради пандемијата со коронавирусот се во сериозна финансиска криза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×