Јовиќ дал зелено светло за трансфер во Милан?

by
1 минути читање

Извесно е дека
Милан е се
поблиску до
ангажман на напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, наводно Србинот веќе дал
зелено светло за трансфер во редовите на „Росонерите“, барем така известува „Ле
Бомбе ди Влад“.

Се шпекулира дека
22 годишниот Јовиќ веќе му кажал „ДА“ на Милан, а сега на италијанскиот
прволигаш му преостанува договор со Реал Мадрид околу можната преселба на
Србинот во Милано.

Реал Мадрид за
услугите на Јовиќ на Ајнтрахт Франкфурт му исплати 60 милиони евра, меѓутоа
напаѓачот веројатно е дека ќе се вброи во листата на најголемите промашувања на
 „Кралевите“, барем што се однесува до
засилувањата во клупската историја.

Јовиќ постигна
само два погодоци во своите 24 настапи за шпанскиот гигант, а Србинот си
создаде дополнителни проблеми и откако имаше контроверзно однесување во ек на
пандемијата со коронавирусот прекршувајќи ги правилата за изолација во својата
татковина, каде воедно и се здоби со повреда во домашни услови.

Се верува дека во
Реал Мадрид немаат повеќе што да бараат од Јовиќ, од причина што веројатно е
дека капацитетот на напаѓачот е до тоа ниво, односно ништо повеќе од тоа, иако
многумина имаа големи очекувања од него по импресивните изданија во дресот на
Ајнтрахт Франкфурт претходно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×