Дибала сака дебело да ја наплати верноста и тоа во време на коронавирус криза, побарал плата од 15 милиони

by
1 минути читање

Напаѓачот
минатото лето беше на чекор до заминување од Торино, најпрво се поврзуваше со
преселба во Манчестер јунајтед а потоа и во Тотнем. Трансфер сепак не се
реализираше, Пауло Дибала остана во Јувентус и демонстрираше дека може да биде
лидер на тимот.

Па беа отворени
преговори за продолжување на соработката, во неколку наврати се шпекулираше
дека двете страни си подале рака, но никако да пристигне абер за нов договор.

Аргентинецот оваа
недела даде интервју за СиЕнЕн, и за новиот договор рече: „Во моментов нема
ништо, знам дека со сите работи кои се случија изминативе месеци (пандемијата
на коронавирус) не им е лесно на клубовите, но од друга страна, одредени играчи
добија нови договори. Да почекаме и да видиме што ќе се случи. Можно е да
ставам потпис на нов договор, но се зависи од Јувентус“.

Според пишувањата
на Газета дели Спорт, проблем е тоа што Пауло Дибала сака дебело да ја наплати
верноста и тоа во време на коронавирус криза. Популарниот „Ла хоја“ побарал годишна плата од 15 милиони евра, односно двојно повеќе од
она што го заработува во моментов.

Јувентус е
подготвен да му ја зголеми платата, но не до тој степен. „Старата дама“ се надева
дека ќе може да пронајде компромис со Аргентинецот, да се најдат на средина и
да си подадат рака за примања од 12 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×