Откако се повлече од Милан, Силвио Берлускони ја презема екипата на Монца со која следната сезона ќе игра во Серија Б.
Милан и во последните години од неговото владеење таму, но и сега се мачи да се врати на старата слава. Берлускони нималку скромно го прокоментира тоа.
„Не е лесно да се најде наследник на Берлускони. Јас направив тоа што требаше да го направам. Се уште сум близок со Милан и се обидувам да им дадам сугестии кои мислам дека ќе бидат корисни“, вели Берлускони.
„За да дојдете до добри резултати, фудбалерите мора да размислуваат позитивно. Поддршката од претседателот е важна, јас секогаш знаев се за секој фудбалер, тие речиси ме гледаа како постар брат“.
Берлускони беше запрашан и како ќе се однесува доколку Монца се сретне со Милан.
„Можеби нема да носам шал на ниту еден тим. Денеска моето срце чука 50 проценти за Милан и 50 проценти за Монца. Половина од мене ќе биде среќен, а половина ќе страда“.
„Но сега размислувам на Монца и како да одиграме добро во Серија Б“.