Гигс се присети на денот кога се фатиле за гуша со Роналдо поради Кока-Кола: Даде хет-трик и ми рече, пијам што сакам!

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо е голем професионалец, внимава што јаде, тренира напорно и се грижи за
своето тело па затоа е во топ форма и на 35 години. Но не било така и на почетокот
од неговата кариера.

Пред неколку
години, Норвежанецот Јан Аге Фјортофт, повикувајќи се на својот сонародник Оле
Гунар Солшер, раскажа случка од соблекувалната на Манчестер јунајтед.

Рајан
Гигс и Кристијано Роналдо се фатиле за гуша откако ЦР7 се појавил на доручек со
Кока-Кола во рака и на Португалецот му било кажано никогаш повеќе да не му се повтори тоа.

Легендата на
„ѓаволите“ сега ја појасни приказната и за подкастот на Манчестер јунајтед
рече: „Тоа што го направи Роналдо беше неприфатливо, но не знам дали баш се
фативме за гуша“.

„Можеби му кажав
нешто во стилот, „Тука не го правиме тоа“, а тој потоа постигна хет-трик и ми
рече, „Гигси, пијам што сакам!““.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×