Мијатовиќ го критикува Јовиќ: Тој не е комплетно посветен за да биде успешен во Реал Мадрид

by
1 минути читање

Мијатовиќ три години играше за Реал Мадрид и три години беше на функцијата спортски директор, тој многу добро знае што значи да се биде дел од кралскиот клуб.

„Кога зборувам за Јовиќ, би сакал да зборувам за постигнување на голови, но не е така. Тој е млад, дојде тука после одлична година во Ајнтрахт. Но не видовме многу од него, само некои детали кои се премалку за да се каже дека тој е фудбалер на Реал Мадрид. Изгледа како да не е сто проценти посветен на идејата да биде успешен во Реал Мадрид“, вели Мијатовиќ.

Постои можност Јовиќ уште летово да замине од Реал Мадрид, да биде продаден или испратен на позајмица. Неговата иднина ќе зависи и од тоа што ќе купи клубот на трансфер пазарот.

Мијатовиќ го прокоментира и моментот дека Реал Мадрид до крајот на сезоната ќе игра на малиот стадион Алфредо Ди Стефано, а не на Сантијаго Бернабеу.

„Тоа е единствена опција и треба да ја прифатиме. Нема да биде предност за играчите на Реал Мадрид, но мора да го прифатиме тоа. Противниците ќе имаат мала предност, бидејќи Бернабеу дури и празен изгледа многу импресивно. Сега ќе мора играчите да играат со уште поголема концентрација и желба“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×