173
Мануел Лиљо доаѓа на местото на Артета кој претходно си замина од Манчестер јунајтед и седна на кормилото на Арсенал.
54-годишниот стратег му беше последниот тренер на Пеп Гвардиола во играчката кариера, тоа се случуваше во мексиканскиот тим Дорадос де Синалоа.
Лиљо во својата кариера бил тренер на повеќе клубови меѓу кои на Овиедо, Сарагоса, Тенерифе, Реал Сосиедад…
„Среќен сум што доаѓам во тренерскиот тим на Манчестер Сити“, изјави Лиљо.
„Манчестер Сити уживаше во голем успех во изминатите сезони играјќи прекрасен фудбал. Задоволство е да се биде дел од оваа група и се надевам дека ќе дадам свој допринос за да клубот да продолжи да биде успешен“.
