Фудбалер на Милан ограбен на семафори, му впериле пиштол во глава (ФОТО)

by
0 минути читање

25 годишниот Саму
Кастиљехо попладнево имал непријатна случка, фудбалерот на Милан бил ограбен. Шпанецот
на социјалните мрежи откри дека две лица му впериле пиштол во глава и му го одзеле
скапиот часовник.

„Дали се е во ред
во Милано? Само што бев ограбен од две лица кои ми вперија пиштол во глава“

гласеше постот на Инстаграм стори.

Како што пишуваат
медиумите од Италија, Саму Кастиљехо со својот автомобил застанал на семафори,
тогаш му пристапиле две лица, му впериле пиштол и му го одземале скапиот
часовник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×