Канте се врати на тренинзите во Челси

by
1 минути читање

НГоло Канте се врати во втората фаза од
т.н. „Проект рестарт“ во Премиерлигата, откако Французинот денеска повторно се
врати на тренинзите на Челси откако претходно отсуствуваше, и тоа поради
стравувања поради коронавирусот.

Претходно на
Французинот од самиот клуб му беше укажано дека има дозвола да продолжи со
тренинзи во домашни услови, претходно Канте имаше стравувања поради пандемијата
од коронавирусот која силно удри на Островот, тој претходно го загуби својот
брат поради срцева болест.

Секако дека ова е
дополнително „засилување“ за составот на Френк Лампард во обидите на „Сините“
да останат во топ четирите екипи на табелата во Премиерлигата до крајот на
актуелната сезона.

Втората фаза од т.н. „Проект рестарт“ во Премиерлигата предвидува тренинзи со контакт помеѓу фудбалерите, но и контролни натпревари на клубовите со посебен протокол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×