159
Се поизвесно е
дека 15 годишната кариера на Серхио Рамос ќе биде дополнета со уште една година
плус, откако во Шпанија известуваат дека капитенот на „Кралевите“ ќе добие нов
договор.
Од идниот месец,
34 годишниот Рамос ќе влезе во финалната година од неговиот актуелен договор со
Реал Мадрид, а се верува дека тој би можел кариерата да ја продолжи во
шампионатот на САД, односно МЛС.
Според пишувањата
на „АС“, од Реал Мадрид имаат намера да го задржат Рамос барем до 2022. година,
меѓутоа барем засега не е јасно дали Рамос би ја прифатил таквата понуда, првично
тој сака да продолжи во МЛС, а неговите амбиции за понатаму е да се впушти во
тренерските води.