Премиерлигата пред 40 милиони фанови потсети на мајсторијата на Христов (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ѓорѓи Христов
несомнено е еден од најдобрите напаѓачи во фудбалска Македонија, тој за нашиот
најсилен фудбалски состав на 48 натпревари постигна 16 погодоци, а воедно зад
себе запиша и успешна интернационална кариера.

По трите сезони
минати во дресот на Партизан, битолчанецот потпиша за Барнсли (1997-2000), каде
на 45 натпревари постигна 8 погодоци, а еден од нив остави особено впечаток од
истите, за што потсетија и од Премиерлигата на социјалните мрежи.

Денеска,
Премиерлигата на својот фејсбук фан пејџ кој брои над 40 милиони фанови објави
видео насловено
: Гол на
денот
: Деликатниот волеј на
Христов
“, со што потсети на неговата мајсторија против Лидс во 1998. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×