17 годишниот
Себастијан Еспозито подолго време е во преговори со Интер за продолжување на
соработката, се чинеше дека двете страни се блиску до договор но очигледно „нероаѕурите“
ќе треба дополнително да се помачат.
Голем број на
извори, помеѓу кои и Скај Италија, велат дека тинејџерот решил да се раздели со
агентот Аугусто Карпеџани. Причина за ова било тоа што агентот му договорил
нова петгодишена соработка и плата од 800.000 евра по сезона плус бонуси.
Себастијан
Еспозито верува дека заслужува повеќе, најмалку 1 милиони евра по сезона плус
бонуси. Па сега бара нов агент кој ќе му обезбеди ваков договор и се шпекулира
дека тоа ќе биде Федерико Пасторело, кој како клиенти има неколку фудбалери на Интер, помеѓу кои и Ромело Лукаку.
Напаѓачот, кој следниот
месец ќе наполни 18 години, е под договор со Интер до 2022 и во моментов заработува околу 140.000 евра годишно.