Андер Ерера открива каков пакт имал со Жозе Мурињо: Шефе ако треба ќе го пратам Еден Азар и во тоалет!

by
1 минути читање

Шпанецот пет години беше дел од „ѓаволите“ а една од неговите најдобри партии беше дуелот со
Челси во април 2017. Не само што постигна гол во победата од 2-0, се погрижи
Еден Азар да биде невидлив на теренот.

Во разговор со
Атлетик, Еден Азар сега открива каков пакт имал со Жозе Мурињо.

„Јас и Жозе
знаевме дека Ееден Азар тоа време беше најдобар играч во Премиерлигата, па за
да победиме, моравме да се погрижиме тој да не ја допре топката, или во најдобар
случај, што помалку да ја има во своите нозе“
– вели фудбалерот од средниот ред
кој сега ги брани боите на ПСЖ.

„Па направивме
договор, му реков, „Шефе, подготвен сум да го маркирам 90 минути, да го следам
секаде, ако оди во тоалет, и јас ќе одам со него бидејќи сакам да победиме“. За
мене најважно е мојот тим да победи, бидејќи тогаш си легнувам среќен“.

„Не е важно што
треба да направам за да победиме, секако, се додека се почитуваат правилата и
не правам нешто што е нелегално“.

За соработката со
„специјалниот“, Андер Ерера додава: „Жозе е најдобриот тренер во светот кога
работите се одвиваат добро и победувате. Навистина уживав во соработката со
него. Но кога работите не одат според планот, не ги прифаќа поразите најдобро и
тогаш има проблеми“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×