260
Лаутаро Мартинез силно се поврзува со Барселона, но Интер нема намера да се откаже од неговите услуги. Мората вели дека единствен начин тој да замине од Милано е некој да ја плати откупната клаузула која истекува на 7 јули, а изнесува 111 милиони евра.
„Лаутаро претставува важен сегмент од тимот на Интер, ние не сакаме да го продадеме. Има откупна клаузула од 111 милиони евра која истекува на 7 јули. Тоа единствениот начин да биде продаден“, вели Марота.
„Фудбалерот може да чека и да се развива со Интер. Ние ќе седнеме со него, мора да го убедиме дека таква можност за голем трансфер може повторно да се појави во иднина кога тој ќе биде поподготвен“.