Стерлинг: Зошто Џерард и Ламапард добија шанса да бидат тренери, а не Кол и Кембел? Затоа што едните се белци, другите црнци!

by
1 минути читање

Играчот на Манчестер Сити, Рехим Стерлинг отсекогаш бил гласен говорник во борбата против расизмот. Овој пат смета дека црнците не добиваат иста шанса да бидат тренери како и белците.

„Секогаш давам примери поврзани со фудбалот. Ќе ви дадам еден перфектен. Ги имате Стивен Џерард и Френк Лампард, и ги имате Сол Кембел и Ешли Кол“, вели Стерлинг.

„Сите тие имале одлични кариери, сите играле за Англија. Во исто време ги добиваа тренерските значки со највиски оценки, и двајцата кои не добија вистинска тренерска шанса се двајцата поранешни играчи кои се црнци“.

„Има околу 500 фудбалери во Премиерлигата и третина од тие се црнци, ние немаме наши претставници во хиерархијата, немаме наши претставници во стручните штабови“.

„Нема многу лица со кои можеме да се поврземе и да имаме конверзација“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×