Тијаго Силва си заминува од ПСЖ, два клуба се во игра за неговиот потпис

by
1 минути читање

„Л’Екип“ информира дека спортскиот директор на ПСЖ му соопштил на Силва дека нема да му биде продолжен договорот кој му истекува на 30 јуни.

Весникот објаснува дека 35-годишниот фудбалер не бил подготвен да прифати помала плата за да остане на Паркот на принцовите.

Милан го прати развојот на настаните и е подготвен да му понуди договор на Тијаго Силва кој би се вратил кај росонерите каде што играше од 2009 до 2012 и каде ја стекна славата пред да замине во ПСЖ.

Но францускиот весник вели дека кандидат за неговиот потпис е и Евертон каде што Карло Анчелоти.

Иако Силва во септември ќе наполни 36 години, тој смета дека на највисоко ниво може да игра до 40 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×