За да се заштити
здравјето на фудбалерите поради пренатрупаниот распоред, ФИФА дозволи во
продолжението од сезоната да има по пет замени, а првенствата го прифатија ова
ново правило.
Тренерот на
Барселона, Кике Сетиен се пожали дека тие се панализирани од промената,
а со ова се сложува и поранешниот играч и тренер на Реал Мадрид, Хорхе Валдано.
Аргентинецот
смета дека „каталонците“ ќе бидат двојно оштетени. Од една страна, противниците
во финишот од мечот ќе можат да внесат повеќе свежи нозе и да се одбранат од
налетите, а од друга страна, Барса нема да види многу аир од пет измени бидејќи има кратка
клупа.
„Мислам дека правилото
за пет измени ја пенализира Барса, и тоа двојно. Стилот на игра на Барселона
прилично ги заморува противниците, па во финишот од мечот до израз доаѓа
техничката супериорност. Кога противникот е заморен, Барса задава удар. Но сега
можете да направите пет замени на 20 минути пред крајот и да донесете голема свежина.
Барса ќе почне од почеток да ја троши енергијата на противникот, но на
располагање ќе има многу малку време“ – вели Хорхе Валдано.
„Од друга страна,
Барса нема да види многу аир од пет измени бидејќи има кратка клупа“.
„Затоа пак голема
корист ќе има Реал, каде клупата е многу поширока. Често се наоѓате во ситуација
кога се прашувате кој е подобар, дали тој во стартниот состав или играчот кој
Зидан го оставил помеѓу резервите“.