Иконата на Манчестер јунајтед: Не можам да најдам работа бидејќи сум црнец, не помага ниту препорака од Фергусон!

by
1 минути читање

Иконата на
Манестер јунајтед, Двајт Јорк се пожали дека не може да најде работа како
тренер поради бојата на неговата кожа. Поранешниот напаѓач вели дека за него
препораки дава и легендарниот Сер Алекс Фергусон, но ниту тоа не помага.

„Сер Алекс
Фергусон ми е како татко, па кога аплицирав за работата во Астон Вила, појдов
во неговата канцеларија и му кажав што се обидувам да направам. Ми сподели дел
од неговите искуства, ми кажа што треба да правам и ми даде совет. Потоа го
крена телефонот, се јави во Астон Вила и даде препорака“
– раскажува Јорк.

„Ми кажа дека секогаш
ќе гарантира за мене доколку ми е потребна препорака за работа. Но и до ден
денес, со негова помош, не можам да дојдам ниту до интервју
“.

„Гледаме како
бели играчи со малку искуство, веднаш добиваат шанса како тренери… а во исто
време, намеме црнец тренер во Премиерлигата. Би отишол и чекор понапред, и би
рекол дека нема црнец ниту во тренерскиот персонал. Ова е сериозен проблем“.

„Ќе се борам до
самиот крај, не губам надеж“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×