382
Од куќата на
фудбалот на Италија објавија дека летниот преоден рок за италијанското
фудбалско првенство ќе трае од 1. септември, а ќе заврши на 5. октомври
годинава.
Предвидено беше
трансфер пазарот да биде реотворен на стартот од идниот месец, а да се затвори
на 2. септември, меѓутоа пандемијата предизвикана од коронавирусот донесе промени и по прашањето за трансферите.
Сега,
италијанските клубови ќе имаат можност да регистрираат нови фудбалери
почнувајќи од стартот на септември, до почетните денови од октвомри.
Што се однесува
пак до зимскиот преоден рок, тој ќе започне на 4. јануари, а истиот ќе истече
на последниот ден од првиот месец во идната година.