Како што е
познато, рестартот во Чемпионшип дивизијата на Англија ќе се случи на 20. јуни,
а враќањето на фудбалските возбудувања во оваа дивизија ќе стартува со дуелот
помеѓу Брендфорд и Фулам, пред Лидс да се соочи со Кардиф ден подоцна.
Секако дека
случувањата во Чемпионшип дивизијата ќе бидат особено важни и за љубителите на
македонскиот фудбал, од причина што Лидс на Езгјан Алиоски е пред враќање во
елитното друштво по пауза од цели 16 години.
Моментално, Лидс
е на првото место на табелата на девет кола до крајот на актуелната сезона, со
бод повеќе во однос на ВБА на двете позиции кои носат директен пласман во
Премиерлигата, но, не смеат да се исклучи ниту Фулам кој заостанува седум бода
во однос на лидерот.
Нашиот
репрезентативец Алиоски е од исклучително значење за составот предводен од
Марсело Биелса на клупата, со тоа што досега запиша 30 настапи за тимот од „Еланд
Роуд“ сезонава, на кои постигна и четири погодоци.