Солшер: Нема да купувам „расипани јаболки“

by
1 минути читање

Кога Солшер вели дека нема да купува расипани јаболки мисли на фудбалери кои имаат лош карактер и себеси се ставаат пред тимот.

„Мислам дека јас бев професионалец како фудбалер и чувствував дека сум привилигиран со тоа што играв за Манчестер јунајтед“, вели Солшер.

„Не би можел да се погледнам себеси доколку не давав се од себе за моите соиграчи и за мојот тренер“.

„Истото тоа го барам и кај фудбалерите кои ги потпишуваме или кои ги регрутираме од младинскиот тим. Треба да бидете добра личност, да се однесувате професионално бидејќи расипаните јаболки во кошницата ќе ги расипат и останатите јаболки“.

„За да бидете играч на Манчестер јунајтед најпрво треба да бидете добра личност, да бидете скромен и да работите напорно. Треба никогаш да не се предавате и секогаш да го давате најдоброто од вас секој ден и да не мислите дека сте подобри отколку што сте. Во исто време треба да играте со самодоверба“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×