Ајакс ја намали цената за Ван де Бек, прв во редот за купување е Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Ковид-19 има влијание и на фудбалскиот трансфер пазар, па цените на фудбалерите ќе се намалуваат поради економската криза.

Реал Мадрид минатото лето се обидуваше да го купи Ван дер Бек за 55 милиони евра, но „Тајмс“ пишува дека сега Манчестер јунајтед можеби ќе го купи за 40 милиони евра.

Наводно Ајакс е подготвен да ја намали цената поради бидејќи нема да може да најде купувачи по сумата која ја бараше претходно. 

Но спротивно на тврдењата на англискиот весник е фактот дека извршниот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар, пред еден месец рече дека немаат намера да даваат попуст за Ван де Бек иако на фудбалерот му ветиле дека ќе му помогнат ова лето да направи трансфер.

Ван дер Сар се споменува и како идеална конекција меѓу Ајакс и Манчестер јунајтед поради тоа што бранеше и за двата клуба, токму тој би требало да биде предноста која ќе ја имаат Англичаните во однос на другите заинтересирани. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×