Дефанзивецот на
италијанскиот првак Јувентус, Леонардо Бонучи вели дека има јасни разлики
помеѓу сегашниот и поранешниот тренер на „Старата дама“, односно Маурицио Сари
и Масимилијано Алегри.
Алегри го
предводеше составот на Јувентус до четири титули во Серија А во низа, како и
две финалиња во Лигата на шампионите, но беше заменет со Сари, поранешниот
ривал од Наполи, пред стартот на новата сезона.
„Разликите се
јасни, Алегри е многу добар во менаџирањето на соблекувалната, во најтешките
моменти во една сезона, а одличен е воедно и во менаџирањето на тимот за време
на натпреварите“ вели Бонучи.
„Тој, во неговите
пет години минати тука беше неверојатно добар во тие аспекти на неговата
работа, што се однесува пак до Сари, тој е исклучително прецизен, има голема
пасија кон тактиката, сака тимот да игра убав фудбал“ додава тој.
„Откако Сари
дојде во клубов, научи што значи да се биде Бјанконеро, тој има големо
познавање на фудбалот, но истовремено умее како да се запраша самиот себе си во
одредени моменти, секој ден разговараме, тој е особа која сака да се развива,
исто како што и јас самиот сакам да се развивам разбирајќи го неговото гледиште
за фудбалската игра“ наведува Бонучи.