192
Херта во Дортмунд отпатува со одлична серија, немаа пораз со новиот тренер Бруно Лабадија, но денеска го забележаа првиот.
Борусија Дортмунд беше надмоќна, создаде неколку одлични прилики за гол, но искористи само една. Во 58. минута Емре Џан погоди за победа од 1-0.
Со оваа победа Дортмунд се зацврсти на втората позиција со четири бода над Лајпциг, Баерн е прв со плус седум од Борусија.